пензиски (прид.) - основа (имн.)

Што се однесува на утврдувањето на пензиската основа и основицата за пресметување и плаќање на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување со измените и дополнувањата на ЗПИО настанаа доста промени, но овде ќе се задржиме само на измените што најдиректно се поврзани со проблематиката која се обработува во оваа студија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Наместо дотогашното пресметување на пензиската основа за овие периоди врз основа на платите на засегнатите лица пред настапувањето на невработеноста, привремената спреченост од работа, отсуството од работа, односно инвалидноста, со усвоените измени определувањето на пензиската основа за овие периоди ќе се врши врз основа на соодветните парични надоместоци (чл. 2-4, ЗИДЗПИО/24.дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како такви прашања се: критериумите за одење во пензија (возраст и стаж на работникот), правата на работниците-инвалиди со преостаната работна сопственост, одредбите кои се однесуваат на стажот на осигурување и, во одредена мера, утврдувањето на пензиската основа и основицата за пресметување и плаќање на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сепак, во 2008 година повторно беа усвоени слични измени во поглед на пресметувањето на пензиската основа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)