Нејзината волшебна молба за куќата го погоди Даниел во срцето, иако таа желба не одговараше на местото и на огромниот индустриски град, меѓу вревата на блискиот автопат и бучавата на авионите што пристигнуваа и заминуваа од аеродромот, што се наоѓаше само на неколку милји на запад, и бучавата на пиланите и фабриките кои како сртови се издигаа на нискиот планински венец, помеѓу градот и рамните предградија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Еден од партизаните кои јa водат колоната рече дека таа планина е Грамос и дека од неа сѐ до Јанина во Епир, сите планински венци го носат нејзиното име.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Веранди, тремови и шупи, на врвот од планинскиот венец, в шума вметнати - овде Рене неколку недели требаше да го заменува главниот лекар.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Наспроти нив, во далечината, се протегаше планински венец.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Топовите бијат долж планинскиот венец. Клисурите и траповите исполнети со чад.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)