Крај езерото ненаситно цицам музика од едно распалавено бранче Во ливадите над езерото Моцарт бере планински чај.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Опширна одаја. Мирис на тукушто зовриен планински чај.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
По појадокот- фелка црн леб, парче сув мармелад за секојa и една порција планински чај на пет души - ги поделија по триесет во група.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во голем котел, од оние за топење свинско сало - врие планински чај. Над котелот се издига пареа и шири мирудија.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мита фрла во него грст планински чај и кога во целата земјанка се чувствува сладуњаво - горчлив мирис, таа го разлева миризливиот врелец во алуминиумските таски.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Последен пат кога нешто имаше в уста, беше вчера, пред да почне советувањето. Пексимид и планински чај.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ресторанот беше празен. Пиевме планински чај.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ми велат планински чај што ми е толку одвратен.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Дедо ми и баба ми, чинам, се разбудуваа и пред мајка ми или татко ми, ама се таеја во постелата сè додека мајка ми не го свареше планинскиот чај зимно време, и кафето измешано со повеќе печен и мелен уров летно време.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Знаеш кај расте планински чај?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Беше планински чај, Змејко летоска го имаше брано по висовите и камењарите над рудините уште нераспупен, го береше за дома, но секогаш остануваше и тука по некоја китка да се најде.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Недостигот од течна храна го надоместуваа - наутро, пред да појдат на снимање, по обилниот појадок, со планински чај што сами си го береа патем и сами си го вареа во лимени чапчиња; навечер, кога ќе се вратеа капнати од терен и кога имаа време да си ги подгреат месните конзерви, со по некое шише или балонче вино од непознато потекло, за кое Геро не кажуваше од каде го наоѓа - дали преку врски со магазионерот, дали под тезга од кооперацијата или пак од некој селанец, кој брзаше да си ја доцеди бочвата пред да му ја исуши некоја реквизиторска инспекција или пред да му ја потопи идното езеро.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога од таму прудолу, кон полето лениво се спушта југовината, тогаш со себе таа носи и шири мирис на највкусен планински чај од Одрето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
ЉУБИ, ЉУБИ КОГА СИ ВО ЉУБЉАНА љуби, љуби кога си во љубљана трипати љуби еднаш број кога си на тромостовје љуби на куб, љуби трипати на куб љуби, љуби шестпати по шест љуби колку што можеш да испиеш кригли пресно лашко во гостилницата шестица на улицата која до вчера се викаше титова замижи машки и љуби, љуби кога се качуваш со лифтот на врвот на неботичникот во центарот на градот којшто мижи кога љуби и кога ќе отвори очи цел живот ќе игра мижитатара љуби, љуби кога си во љубљана запни како кога се дава вештачко дишење уста на уста и ич не бери гајле што те сметаат за заостанат во развојот љуби, љуби кога си во љубљана и кога бараш ново скришно место за љубов иако има многу корпи за отпадоци ти сепак фрлај ги зрнцата од љубење по улиците за да знаеш по кој пат да се вратиш љуби, љуби кога си во љубљана овде никому не му е особено важно каква боја мирис и вкус има љубењето а не е во план и изградба на музеј на модерното љубење во кој ќе гори заборавено а ѓоа вечно оганче што ќе го подгрева здивот на засипнатите славеи а штом ќе нема музеј ќе нема ни модерни гатачки пред портите на музејот кои низ дланка ќе ви буричкаат низ иднината на љубењето како надминато минато љуби, љуби кога си во љубљана и ако цапнеш во некоја дупка на млечниот пат по кој се пентраш до емона речи си пу-пу машала ќе си најдеш ново љубење а на врвот на ридот секако ќе ги најдеш прешерн и неговата јулија како сркаат врел планински чај и на љубопитните им шиткаат бројаници од бакнежи и од мигови колку мигови трижпати повеќе бакнежи сите да ти велат ти да не веруваш ама така се рекло и нека биде така како што се рекло дека лично прешерн излеан во бронза крај тромостовјето севезден им врти грб на старите и штрби баби тадури и и’ го плазел јазикот на тишината како оној разбушавениот ајнштајн кој си го изгорел јазикот баш во хирошима и нагасаки којзнае дали тоа го рекол баш ајнштајн ама љубел не љубел времето си врви љуби, љуби кога си во љубљана љуби без наситка остај си малку време да се сликаш пред магистратот со лидија димковска и алеш мустар кои рака под рака влегуваат во мирисот на секое цвете и растат, растат миризливо љуби, љуби кога си во љубљана и да папсаш утре пак ќе ти се љуби љуби, љуби кога си во љубљана и имај на ум дека никој не знае што носи утрешниот ден и дали баш ќе биде нов ден ново љубење љуби, љуби кога си во љубљана и не заборавај дека си на запад, во европа каде што денешната работа никогаш не се остава за утре.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Устите ни горчат и од планински чајови.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)