повоен (прид.) - година (имн.)

Во повоените години, кога сè уште го имавме старото државјанство, зар не биле бомба во ковчегот на Мајка?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ни вети дека ќе ја посетиме Ванга каде што уште од повоените години, во речиси ненаселениот остров, беше изградена Титовата летна резиденција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Колку повеќе беа убедувани во непостоењето на бога, овие луѓе во повоените години на комунизмот толку повеќе веруваа дека Бог постои преку испратените кози за овде да продолжи животот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Свесни дека во тие повоени години лесно можеше да се стане роб на изговорените зборови, тие многу внимаваа кој ќе биде четвртиот партнер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Малото вовче кое сообраќаше на тесната железничка пруга од Струга до Скопје, во тие први повоени години, беше последната реликвија од тој вид на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)