Од овој површен поглед врз историските настани во Македонија се гледа оти горе-долу сите македонски котлини имаат една и иста историска судбина, горе-долу сите нивни жители имаат особен, одделен историски живот, неретко самостоен, или пак вклучува во себе заедничка борба за политичка слобода.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Модернистичката филозофија исто така стреми да го занемари здравиот разум и да биде одбојна кон предрасудите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Површен поглед на настаните што изврвеа пред Востанието ни докажува оти најсилниот поттик за националното разбудување на Македонците ни послужи зафатокот на српската пропаганда во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Треба да фрлиме само површен поглед на насловите на значајните текстови на модернистите како што се Спинозината Расправа за подобрување на разумот, Локовиот Есеј за човечкиот разум, Лајбницовите Нови есеи за човечкиот разум, Берклиевите Принципи на човечкото знаење, Хјумовата Расправа за човечката природа или Кантовата Критика на чистиот ум - за да се види колку епистимолошките теми биле централни за нив.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Овој површен поглед врз историјата на Македонија ми се чини не само што покажува дека ние Македонците си имаме своја историја и дека сме народ чии судбини се развивале во врска со судбините на другите соседни нам народи, но и дека има во нашата историја многу самобитно и своеобразно, како што е, да речеме, самостојната Охридска архиепископија со нејзиното работење полето на народното просветување.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Промислувањето на епистемилошките теми се прифаќа како пререквизит за идното определување на онтолошките проблеми.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)