Најмногу душата му се собираше кога делкаше воденички камења; со денови вртеше околу карпата од која требаше да се издвои поголем камен од кој требаше да се изделка воденички камен: ја набљудуваше карпата, секоја нејзина жилка ја проучуваше: од каде трга и каде оди, каде се разгранува, слично на ботаничарот што ги проучува жилките на растенијата, како дрварот што го проучува дрвото од која страна да почне да го цепи; го проучуваше до каде оди цврстиот дел на каменот, а од каде почнува болниот; го обележуваше со креда, со керамитка, со врвот од глетото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Се преместија малку десно. Зедоа по еден поголем камен и ги стркалаа.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Како да му беше малку тоа, па се наведна, зеде поголем камен и го замавна наблизу во водата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Заборави“, му реков. „Имаш деца.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се решив кога се сопнав од поголем камен. Дури и не се бранев.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се згрчи позеленет и зграпчи поголем камен на кој пред тоа се потпираше со едниот опинок.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)