Ниту прагматистите ниту деконструкционистите можат да направат нешто повеќе за феминизмот отколку да помогнат во оневозможувањето на обидите да се втемелат овие практики врз нешто подлабоко од контингентниот историски факт - фактот дека луѓето со незначително поголеми мускули ги малтретирале луѓето со незначително помали мускули многу долго време.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Да се направи избор на текстови од феминистичка философија е неблагодарна работа, посебно кога си припадник на „луѓето со незначително поголеми мускули“, сега веќе толку извикани од „луѓето со незначително помали мускули“, барем кога се работи за две и пол илјади годишното машко господарење со филозофијата.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)