Според Фоте, бараките беа исти; со тоа што во попристојните простории кај влезот беа сместени професорите (а тогаш надгледниците) а во поголемите простории во средината студентите (тогаш затворениците), додека низ мрежестите стакла на прозорците немиени со години провираше по некој ќунк зинат за воздух; ако имаше ќумбе под него, тој можеше и да издишува нешто како топлина, кога веќе снагите на жителите во бараките беа исушени од внатрешно согорување.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во отоманските простории на Судска медицина ги пречекаа некои лица под гази и со гумени ракавици, кои би можеле да му бидат некогашни колеги од студии или вонземјани ангажирани за хонорар, што ги одведоа до една поголема просторија како семинарска читална по чии ѕидови место рафтови со книги се редеа кофчежиња за картотеки.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Имаше само едно барање: вратата од поголемата просторија да се однесе на почетокот од ходничето за да може топлината од ќумбенцето подеднакво да се шири и околу него.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)