подобар (прид.) - идеја (имн.)

- Ее! Супер! Тоа е уште подобра идеја. Со Саво со нетрпение те очекуваме! За деталите уште еднаш ќе се договориме. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имате подобра идеја што може да се прави? (Пауза) Свои немате, а моите не ви се допаѓаат.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Имам подобра идеја. Ај, ќе одиме на рингишпил!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е, ама ти е супер идејата, на оваа горештина на рингишпил! – се побунив. – Кај ти текна сега тоа, а и каде има такво нешто во градов?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)