Не верувам дека подобар комплимент некој друг ќе ти напише кога било.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сосема е јасно дека Твојот текст за Елен Лејбовиц и не можел да се опредмети, да се запише, поинаку освен како епистоларен роман: сосема старовремски и (оттука) зачуден книжевен жанр со кој, сигурна сум, не си дури ни помислувал дека ќе се плеткаш.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во тие мигови, додека интензивно ги следи информативните емисии, ги чита весниците и на сите можни начини настојува да ја разбере ситуацијата во Твојата земја, госпоѓа Лејбовиц постапува токму онака како што би постапувала Твојата мајка: по факс Ти го испраќа планот на град Скопје (каде ли го нашла, добрата душа!), молејќи Те да го одбележиш местото на кое живее Твоето семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)