Одговараше на прашањата од читателите во весниците, даваше интервјуа, оставаше да го фотографираат во природни и во катедарски пози, стана познато име во пошироката а не само во стручната јавност, па му подаваа стол на која маса и да посакаше да приседне.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Предавачи биле Растко Мочник, Марина Гржиниќ и Матјаж Бергер од Словенија, Весна Кесиќ од Хрватска и познатите имиња од московските концептуални, медиски и филозофски кругови: Виктор Мисиано, Валери Подорога, Александар Јакимович, Татјана Диденко и Артиом Троицки.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
При ретките доаѓања на наши блиски од другата страна на границата, во времето на привременото смирување меѓу двете земји, најстариот брат вешто го дополнуваше семејното стебло со нови податоци, впишуваше нови непознати имиња, додаваше нови гранки, за нас непознати.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Влатко посака да остане на плоштадот и да го следи настапот на музичките групи: најавени беа познати имиња, а на полноќ голем огномет.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Другар ми шепоти пак познати имиња и едно мало градче провинциско. Таго наша убава.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)