Додека со брзата кола итавме по познатиот пат кон градот крај реката, се соземав од неколкудневната несоница, се напрегав со силите кои ми се враќаа да препознаам некој облик од пејзажот кој добро го познавав.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И Суљо-ага тргна по познатиот пат Штавица, но место да ја преоѓа Црна на Чебренскиот Мост, каде што беше разбиена првата чета, кадијата го упати на другиот мост – на Светецот за да премине полесно, претполагајќи дека Чебренскиот ќе биде поседнат од бунтовниците, кои ќе се надеваат на други напади.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)