Дневната заповед на Големиот Брат очигледно беше посветена на одавањето признание за работата на една организација позната како ПТЦЦ, која ги снабдуваше морнарите на пловечките тврдини со цигари и со други потрепштини.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Одекнаа во библиотеката звуците на финалето од симфонијата на Бетовен, која авторот ја сметаше како свој музички тестамент за вечен мир, позната како Ода на радоста.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Модриот патлиџан ќе стане гастрономски симбол на Османското Царство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се претпоставува дека модриот патлиџан потекнува од Индија (на јазикот санскрит е vatin ganah), потоа преминува во Персија (бил познат како bdengn), Турците го презеле од Арапите (познат како l-bdinjn).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На другиот крај од големата маса во одвратната чајџилница Филонус, тивко ги разменуваа што религиозните што садистичките што метафизичките што мајчински искуства, следниве три личности: младата госпожа Ана, инаку позната како сопруга на човекот што катедрата за логика ја замени со кафанска маса на која стојат мистериозните кибритчиња и лактовите на народнот мудрец Неџо; госпожицата Буде вообичаено - спрема правилата на тајната организација „Црна Ружа“, така суптилно провалени од инаку најглупавиот балкански весник „Вечер“ - облечена во нејзе милите папски бои: љиљакова, портокалова и бела („синестезии, нелогичности!“, се слушаше врескање од соседниот крај на масата) и со специјална ловачка капа на главата на чиј што врв (на капата), провокативно искривено, трепереше зелено масонско перо, ко ветроказ; додека човекот што токму зборува - и чиј што истоштен, од премногу експерименти со нејадење и неспиење, глас, го привлече вниманието на г. Абов - се одзиваше на името „Никола, врти кола!”, или скратено Никола Вртикола.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Овде некрунисан крал е неприкосновениот Тим Хортонс. Тоа е ланец на (не знам како да ги кажам) точилници на филтер–кафе, со дополнително пригодно мезе у облик на крофни алиас „донатц“ и жидовски ѓевречиња попознати како „бегалци“.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Севкупноста на тврдите објекти во кои е внесена одредена информација е позната како „материјална култура“ а нејзините карактеристични мемориски недостатоци (таа се изупотребува и станува отпадок) сега се претставуваат како сѐ уште неразрешени проблеми кои, според некои критичари на културата, го загрозуваат и самиот опстанок на човечката раса.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
И покрај сите напори на докторите за нејзино лекување, како последица на повредата, со текот на времето видот на тоа око започнува да ѝ слабее – при што намалувањето, односно оштетувањето на видот достигнува и до 95%.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На крај се дијагностицира трајно оштетување на рожницата на окото, а единствен начин тоа око повторно да стане функционално е со пресадување на рожница од донор по пат на хируршка интервенција (операција стручно позната како „кератопластика“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
11. Во романистиката е стандардизиран вообичаениот, општоприфатен, начин на цитирање на Дигестите – постапка која стручно е позната како инскрипција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)