полициски (прид.) - придружба (имн.)

Еве на пример, во регионот од којшто потекнувам хомосексуалците имаат права отприлика колку и христијаните во римските арени: во Загреб геј-парадите се одржуваат под полициска придружба, во Белград геј-парадата заврши со јавен линч на учесниците, додека пак во Скопје и Приштина не помислуваат да прават ни матине, а камоли парада.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Вистина, ме пуштаат до логорите со ранети борци на Демократската армија, но секаде со полициска придружба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)