помлад (прид.) - жена (имн.)

„Издавам соби - Хара“. Се појави Хара. Таа беше помлада жена и се мачеше да говори на наш јазик, за да ја разбереме.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зад една подгрбавена, стара жена одеше друга помлада жена со жолто, испиено лице, со светнати мали очиња, со ситни, речиси детски рачиња и рамена покриени со тешка алова свила, што како магнет ја впиваше светлоста од петролејките и силно блескаше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Најпосле и тој, со една помлада жена, го напушти аудиториумот, но без да заборави постојано да ја симнува шапката и со крпчето да ја брише потта од челото.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Винстон застана мирно пред телекранот, на кој се појави сликата на една помлада жена, усукана, но мускулеста, облечена во туника и со патики.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)