На 21 март 1939 Германија од Полска го побарале Данциг и премин меѓу источна Прусија и Германија преку Полскиот коридор; на 26 март полската влада ги одбила тие барања, а по гаранциите на Англија и Франција за заштита на интегритетот на Полска (31 март 1939) Хитлер на 28 април 1939 го суспендирал пактот за ненапаѓање и англиско-германскиот поморски договор.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
По потпишувањето на германско- италијанскиот договор било јавно прокламирано формирањето на Оската „Берлин- Рим“ (октомври- ноември 1936), а во март 1939 се придружила и Шпанија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Германија во 1934 потпишала пакт за ненапаѓање со Полска; во јуни 1935 бил потпишан британско-германски поморски договор; во март 1936 Хитлер ја зазел демилитаризаираната Рајнска област со што договорот од Версај бил поништен; во јули 1936 Германија потпишала договор со Австрија; во ноември 1936 Германија го потпишала Анти-коминтерна пактот со Јапонија кон кој во јануари 1937 год се придружила и Италија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На 23 август 1939 Германија склучила договор за ненапаѓање со СССР.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)