попладневен (прид.) - одмор (имн.)

Се разбира пред него се направив незаинтересирана за тоа што донесе тој, и каде го остави, но едвај дочекав по попладневниот одмор да излезе да купува продукти за утре за ручек.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тие неколку години на специјализација се лиши од многу мали и поголеми задоволства што ги дава животот, од попладневни одмори, викенди, летувања…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Сепак,еден друг ден, при попладневниот одмор, му рече: - Хели, колку ни беше убаво кога патувавме...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Работното време е од изгрејсонце до зајдисонце, нема пауза за ручек ни попладневен одмор, нема ни неделен ни празничен одмор сè додека работат бригадите и машините.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Едно попладне околу четири и пол, жената, симнувајќи се низ скалите по попладневниот одмор, ги затекна во дневната соба секретарката и својот сопруг како голи лежат на каучот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вџашена, таа запрашала: „Што правиш со таа жена на мојот кауч?“
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ете, затоа останало и сега лебот што го купуваме да го виткаме во бела крпа.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тато стана од попладневниот одмор и дојде на балконот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)