Вратениот дипломат, доколку имал успешна мисија, станува незаменлив експерт за земјата кај што служел, регионот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ех се разбира, војната на Косово да се раширеше и во Македонија, можеби би ве канеле, како поранешен амбасадор, на телевизиските рлатоа за да ви поставуваат незгодни прашања и на крајот би ги спомнувале вашите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Турскиот амбасадор во Тунис, Муарем Тунчер, иако навлезен длабоко во деветтата деценија од животот, денес патувачки амбасадор, ми раскажуваше, на времето во Тунис дека постоел обичај наследен уште од Отоманската империја, министерот за надворешни работи да ги повикува еднаш месечно сите поранешни амбасадори на ручек, за да се искажат за надворешната политика на земјата, од позицијата и искуството во земјата во која служеле амбасадорите, а кое сѐ уште можело да биде делотворно за интересите на земјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А што се однесува до мене, јас не губам надеж дека еден ден ќе го читам вашиот Балкански клуч на француски јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Беше волшебник на воланот. Речиси дресиран од петмина поранешни амбасадори.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)