Челникот и човекот на коњ продолжиле да се движат еден кон друг како по некој поранешен договор, без брзање, бавно, секој со своја срдечност - така изгледало - да подаде рака за поздрав, не намерници на кои животните врвици им се составуваат случајно туку стари познајници и приврзаници на човечко пријателство.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Полека зборуваше на брата си а тие се погледнаа како да проверуваат некој свој поранешен договор. „Имаме само едно сопче. Тесно е и за нас.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Над него висела на невидливи сончеви нишки црвеникава ветрушка; наслушнувала песна на кос и со остро око ги демнела движењата под себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со тоа сите поранешни договори и спогодби заклучени од страна на Србија со балканските држави за поделба на Македонија престануваат да важат, а српската пропаганда во Македонија, најчесто во сојужништво со грчката и во дослух со Турците поведува остра борба против „бугарштината“, а за србизирање, односно грцизирање на Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)