пороен (прид.) - дожд (имн.)

Час поројни дождови, час сонце грееше, околу нас ливада со рози со различни бои.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Потоа надојдоа облаци, згрме и се истури пороен дожд.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во силното невреме со пороен дожд и грмотевици, на полигонот од гром загина водникот Јордан Трошароски.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Бидејќи жешкото време траело, а поројните дождови продолжиле да паѓаат, таа почнала да рие и да длаби во снегот и мразот и тогаш со громогласна врева го скршила оклопот од мраз.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Кети, тогаш како од тој ден па до денес, кога високоте снегови на планината се топат многу брзо, и кога поројни дождови врнат, и кога Луда Река надоаѓа, рика и удира во потпорите на мостот, луѓето го слушаат нејзиниот глас како моли за мостот?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Бил убеден дека силните снегови, непопустливиот долг зимски студ, неочекуваното доаѓање на пролетта со поројните дождови, биле раководени од натприродната сила, со единствена цел да го уништат мостот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Си прават пат со лактите. Како да плуска пороен дожд.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јаболкницата во нејзиниот двор ја посади дедо ѝ, кога се роди најстариот брат на Ева, значи броеше цели дваесет години, а тоа беа долги години на поројни дождови и суши најизменично.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Излеговме и на мегданот пред бараките почнавме да се миеме под поројниот дожд.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Појдовме кај Пена на Танаско да призниме како се имаат сместено и снегот нè начека на сред плоштад и како што паѓа пороен дожд, така се истури одеднаш снегот. Ѝ кажа дека додека стигнале пред Фестивална снегот нагнетил скоро две педи, а и тоа дека одвај ја пронашле Пена на Танаско оти котарче си заградиле меѓу два ѕида од надворешната страна на Фестивална.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И појдовме... луѓе и стока... Ноќта не фати силен, пороен дожд. Нема глава кај да скриеш.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се сеќавам на двете другарки кои еднаш заедно накиснаа на пороен дожд.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Останатите стоеја крај прозорците на болницата и гледаа низ решетките.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Истураше пороен дожд, и едвај дваесетина излеговме во паркот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се подзамисли малку, гледајќи си во искинатите чевли, дека тие не би можеле да го издржат поројниот дожд кој веќе се појави, со едно сигурно ветување: благодат за сите што се под него.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Заплиска пороен дожд Дожд од солзи... Во сенката од пеколни воздишки, Плачеше и темнината Се гаси и последниот фенер во ноќта, Под сенката на мракот.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Можеби дури и не знаеше дека може да се живее поинаку или дека, ако се живее поинаку, помалку би се чувствувала тежината на чемреењето и тагата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никогаш не застануваше, ниту се обѕрнуваше за да види што се случило на улицата, без оглед колку многу тоа го привлекуваше вниманието на другите луѓе, а ако понекогаш одненадеж го фатеше пороен дожд, си го продолжуваше патот со рамномерен чекор небаре грее сонце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)