И сал жици се сторувам жици на виоли гитари виолончела; жици на сите жичани инструменти кога ме жежат зажежуваат како порткалово како портокалово и дур да се сторам глас, дур глас да се сторам, гласни жици, снежен прав ми ја гори кожата, снежен прав портокалов ме гори, догорува.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)