94. Организираното револуционерно движење во Македонија има знатно подолга историја и започнува всушност уште во 60-тите години од XIX век, коешто изведе и масовни востанија (Разловечкото во 1876 и Кресненското во 1878 год.) што станаа одредници во новата македонска историја, но Мисирков има полно право кога образувањето на најмоќната организирана револуционерна сила во земјата – ТМОРО – ја поврзува непосредно со македонските интелектуалци што учествуваа во тие бегства од Македонија во Белград и во Софија и во акциите особено во Бугарија на самиот почеток на последната деценија од минатиот век.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Совет: како резултат на големиот процент на нечист хероин кој расте последнава деценија, случаите на овердоуз се сѐ почести.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Беше зачекорил во последната деценија на животот, ја немаше изгубено својата виталност.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Можеби дури ќе успеете и да го заборавите додека се шеткате меѓу несмасните надгробни споменици од осумнаесеттиот век, понекогаш налик на вазни, што можат да се добијат на некоја уметничка лотарија, но почесто личејќи на облаци вкаменета пена од прашок за перење; потоа меѓу надгробните споменици од деветнаесеттиот век, интересни поради мешањето на рускиот класицизам и уште по нешто руско, се чини, духот на апсолутизмот и, најпосле, помеѓу надгробните плочи од последниве децении, неромантични, каков што е обичниот алат.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Но, потоа на неговото лице се појавува некаков стратешки израз, потоа засилено-рамнодушен, и вам како да ви е полесно.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во последнава деценија настана значајна регресија бидејќи силите од десното крило се обидоа да ги присвојат овие заслужени социјални и политички победи.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Најчесто употребуваниот термин во последните децении кој ја формулира оваа надеж е „критика на идеологија“.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Во последните децении сосема е прекинат напливот на физиката или графиката, така што некои области на чистата математика, како што е теоријата на повторување (на којашто ѝ припаѓа Манделброовото множество), мошне заостанаа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Основна причина за ширење на револуционерните идеи меѓу македонскиот народ во целина и одделно меѓу македонската младина била економско-општествената и политичката криза што настанала во Европска Турција во последните децении од XIX век, чии манифестации најочевидни биле во Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Македонското население, не само во Солунскиот вилает, туку од цела Македонија, во последните децении од минатиот век доста побрзо од порано се населувале во Солун.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во последните децении, на науката и станаа достапни многубројни дипломатски извештаи на солунските, на битолските и на скопските конзули и на католичката мисионерка Писи, кои, поради тоа што произлегуваат од очевидци и компетентни лица, се мошне драгоцени за обработувањето на нашата тема.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Токму во ова време, додека траел процесот на економско-општествено назадување на Македонија, се родила и израснала една нова македонска генерација што во последната деценија на XIX век била готова да ја изврши историски определената мисија: по револуционерен пат да отвори нова страница во развитокот на македонскиот народ.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но, на својот многу англиски начин, Сандерс е дел од тивката психоделична револуција што се случува и тука и во САД во последнава деценија.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Се разбира, овој вид на консумерска акција е далеку од „спиритуалната еволуција“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
За Лука Карер, пак, масонеријата беше универзално братство на филантропијата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Против нив последните децении, под влијание на доминацијата на фашизираните идеологии што доаќаа на власт, стануваше и подржавената црква.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Технологијата не е семоќна, а политиката не мора да биде одвишна и залудна; тоа се поуките кои Кејџ ги извлече од некритичното воодушевување со спектакуларниот технолошки раст и ширењето на медиумите во последниве децении.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Антонио Коста Гомез, шпански писател El. Sol. Web. tv, 23.02.2013 Балканските книжевности, особено во последниве децении, се посебно означени со третирањето на историјата во нагласен книжевен контекст и тие се познати од европските читателски кругови и европската книжевна критика.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Излезе дека мозокот е галактичка мрежа од стотици билиони неврони.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во последните децении на 20-ттиот век, научниците започнаа да ја проучуваат комплексноста во внатрешноста на човековиот мозок. Хаос!!!
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)