Камилски се надоврза на претходно изнесените податоци за зборот кодош, запирајќи на личното искуство: Во животот видов многу маки од кодошите, имаше меѓу нив што ги знаев, а ме кодошеа, имаше и кодоши кои не ги знаев, бев нивна постојана жртва во војна и во мир.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Во колипката, Мајката го осознава последниот таен чин на бесконечната обнова на величествената прокоба на змискиот праотец, звездениот двигател, кој низ постојана жртва ги совладува демоните на минливоста.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тој ќе согори во овој идеал, положувајќи го својот живот како постојана жртва.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Арафат, минувајќи низ пеколот, ќе живее со митот, идеалот, да влезе во историјата како човек кој му дал татковина, независна држава на својот народ, без оглед на нејзините димензии.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)