поширок (прид.) - смисла (имн.)

Глобалните еколошки задачи можат да се направат единствено по пат на дизајнот во една поширока смисла: преобликување на економијата, меѓународните односи, индивидуалното однесување - според природата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На дизајнот во една поширока смисла на значење му припаѓа значајна улога во тоа преструктуирање.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Долго време во семејството, не само Мајка, туку и ние, децата, се прашувавме која беше причината, пошироката смисла за Татковата потрага по тајните на лавиринтите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сметаше дека за ова ќе даде значаен придонес за пошироката смисла на балканската јаничарија како дел на светската мерценарија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Следењето на правила е обичај, пракса okno.mk | Margina #15-16 [1995] 63 (PI, I, 198, 202); би било нонсенс да се каже дека во историјата на светот некое правило било следено (или некоја игра играна, некоја реченица изговорена), само еднаш (RFM, 332-328).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но доколку се присетиме на она што беше сугерирано во врска со Витгенштајновиот напад врз интенционалистичката интерпретација на разбирањето, врската помеѓу едно такво објаснување и фрегеовската теорија за објективноста на смислата (и оттаму, во поширока смисла, - платонизам во поглед на правилата), која тој ја претпоставува, единствено не постои.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во него односот кон стварноста се набљудува како однос кон раскажувачката материја, односно - во поширока смисла - како однос кон објективната стварност наспроти вистинитоста на самото раскажување.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не се знае впрочем дали тоа име ѝ е вистинското, а во историјата, во поширока смисла, нејзиниот живот и нејзиното минато се штура безначајност.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Романиотите говореле на грчки јазик Sephardim Евреи по потекло од Шпанија и Португалија со говорен јудео-шпански јазик (judeo-espagnol) или ладино.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Техијат Јисраел ционистичка организација организирана од солунското еврејство Tisha Beav деветтиот ден од еврејскиот месец Ав, ден на пост и сеќавање на уништувањето на Првиот и на Вториот храм Torah корпус на Мојсеевите закони дадени во Петокнижието, првите пет книги на Библијата и во поширока смисла Библијата како целина
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Shabbat Шабат, ден посветен за молитва во кој не смее да се работи никаква физичка работа со оглед дека во Библијата Господ го означил како ден на одмор Shadhan шадхан, проводаџија во еврејска средина на хебрејски јазик
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во претходните осум книги (епизоди, делови, фрагменти, приказни...).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Детерминирана во некоја поширока смисла, сага се толкува и како една од таканаречените едноставни книжевни форми (Jolles, 2000), во кои се фиксираат, се пренесуваат одделни настани несомнено важни! зачувани во усните преданија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се обидував да најдам поширока смисла, на речиси светата тишина која ги поврзуваше моите родители, во времињата кога идеолозите го заробуваа боg, кога националистите најмногу се колнеа во него, во напорот да си го зачуваат јазикот на тишината во комуницирањето со него!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Или се лажам и, додека заклучувам дека токму егзилот и емиграцијата се фактори што семејството Старова го направиле толку сплотено (заемно посветено, меѓусебно апсолутно верно...), наседнувам на доминантните протоемигрантски стереотипи и слепечки ја следам кривата трага?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Зборовите, стихот, нашите судбини, нѐ доближуваа до камиевската медитеранска потрага по апсолутното во судир со апсурдот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше тоа крајот на медитеранското лето во Струга, но еден нов почеток на едно пријателство кое подоцна ќе се влее со својата дискретна и ненаметлива присутност и во моите дипломатски години, во заедничката потрага по убавината и толерантноста на човекот кога страда, кога трага во неговата поширока смисла и хармонија во потрага по заедничкиот излез ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, кога го запозна Игора Лозински и неговиот проект, почна да верува во пошироката смисла и согласје на оваа идеја на континуитет во природните и во социјалните феномени.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Игор Лозински сакаше да ја заврши својата голема исповед, пред своите балкански пријатели, да ги каже своите големи тајни за егзистенцијата на ова Езеро и на луѓето околу него, да му го пренесе на Цветана Горски својот морален тестамент, надежта на продолжувањето на неговото дело и вистина, а на Татко да му ја открие пошироката смисла на натамошното следење на патот на јагулите во потрага по излез од својот егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сигурно, оваа таткова потрага по мистериозниот миграторен пат на јагулите, по водениот дел на планетата, имаше поширока смисла во откривањето на согласјето помеѓу патот на јагулите и патот на луѓето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И во среќни и во несреќни периоди, поговорката функционираше со својата поширока смисла.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)