Потоа Камилски издвои и називи на неколку ткаенини што се постилале на земи како: аура (од арапски asir); килим (од персиски kilim); сеџаде, малечко скапоцено килимче што се става како украс, но и како мал правоаголен килим на кој верниците се молат (од арапски seccade); перде, завеса (од персиски perde).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беше свесен дека се нагрби да се бори и конечно да се пресмета, според него со најопасните зборови, како што се јаничари, курбан, башибозук, курбан, башибозук зандана и кодош зандана, кои беа сѐ уште во жива употреба во балканските јазици и често менувајќи ја пошироката употреба, не ја менуваа суштината, опстануваа, дебнеа демнеа како неочекувана опасност.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се среќаваат во балканските јазици и арапско-турски синтагми како: абаџилак, арсуз, игбалс`з (инаетtчија), касабали, сабајле, филдиш, додека меѓу персиско-турските со поширока употреба се синтагмите: абдесели, бабалок, ѓуљагги, јабанџи, лимонтtоз, разѓеле, ош-беш и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски најде меѓу називите за одделни делови на постелата и неколку карактеристични заемки останати во употреба во балканските јазици до денешни дни како: душек, постела (од турски döşek); јорган (од турски yorgan); јастак, јастаче, јастук (од турски уаѕtk); чаршав (од персиски çarşaf) со поширока употреба како чаршаф за душек, за јорган и покривка на маса и слично; калаф, навлака за перница, а во поново време преслека на тапацирани делови на мебелот (од арапски kalif).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)