Едноставно ќе ги спакува своите работи, можеби дури ни тоа, по ѓаволите со тоа, можеби само ќе се облече во облека за излегување, ќе ги закопча копчињата затвори дрикерите повлече патентите и ќе ги остави клучевите во кутијата за експрес чекирање, тоа е за нив, всушност, господинот и госпоѓата Платено Однапред, или дури ни тоа, ќе го уфрли клучот во кое било патемно поштенско сандаче, повратната поштарина е загарантирана, по ѓаволите со тоа, време е да се тргне.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Пораки, понуди за женидба, 50.000 толари, ѓубре, костени, запалка, стари влезници, пари од различни земји, телефонски картици, начнати чоколади, бонбони, фотографии, телефонски броеви, веќе франкирани писма, очигледно уфрлени од луѓе коишто ги помешале поштенските сандачиња со оние белите.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)