правен (прид.) - статус (имн.)

Во 1993 година, групата интервенираше во областа на политиката во однос на трудовите имигранти, со цел создавање работни места за одреден број на имигранти во Грац, кои не можеа да се вратат во своите земји на раѓање поради политички, етнички или верски прогон, но немаа никаков правен статус во Австрија.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Исто така, граничната контрола ги прави некои категории на работници поранливи, преку ограничување на влезот, правниот статус и движењето на луѓето.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Конечното решавање на правниот статус на овие „проблематични“ радиодифузери се случи дури на крајот на 2010 – од кога, правно гледано, тамошните работници повеќе не се водеа како вработени, туку беа одјавени од списокот на АВРМ и пријавени, односно внесени, во евиденцијата на невработени лица. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Интервенциите на групата се колективни напори, кои што се случуваат во рамки на строго ограничен временски период (обично не подолг од осум недели) и секогаш на покана од некоја уметнички институција што ги обезбедува инфраструктурните услови и финансирање.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
По целокупното окончување на спорот Кукулев, барем формално-правно, остана да работи во Радиото уште околу две години – иако тој, впрочем како и сите вработени во локалните радиодифузери, не одеше на работа и не земаше плата –  бидејќи de facto локалните радио и ТВ станици беа затворени и воопшто не работеа!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)