Во празната куќа на голите ѕидови им прилега само нож.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Од пусто – попусто. Пуста, празна куќата, празен дворот, празно селото, секое сокаче пусто.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Твоите текстови се многу тажни: како да зборуваат за некој кој се затекнал во празна куќа и сега полека и по малку отсутно ја полни со предмети, напиша нешто подоцна Хенк. Henk Figee е писател, уредник на моите холандски книги и пријател.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Зар не ги гледаш сите тие богатуни кои просто не знаат што да прават со своите огромни празни куќи и кои умираат од досада?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тогаш сѐ уште не насетував дека сликата на некој кој се затекнал во празна куќа ќе прерасне во постојано чувство на бездомност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Празна куќа, а јас сама во празното.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)