Лилица изгледаше прибрано; тоа беше жена на возраст помлада од педесет години, со нагласена, дури невкусна диспропорција меѓу половината, силно стегната со свилен колан во розова боја, и широките колкови; жена со издолжено лице и мала уста, со костенливи, широко отворени очи од кои ѕиркаше прашален поглед и молба со неодложна потреба за објаснување на она што се случува во мигот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Долгиот прашален поглед на Сликарот откри уште две чуда, што првиот пат не ги беше забележал.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тато упати прашален поглед.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Го исвиркаа”. Чекаше реакција од мене и откако место неа доби само прашален поглед, се дополни: „Тоа не би му се случило на претседателот на вашата држава”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На прашалните погледи од Пелагија упатени кон Деспина таа само црвенееше ама не си дозволи да ѝ ја расипе радоста на мајка си.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Што е тоа топ? - праша Геро, погледнувајќи прво во Евдо па во Ване, и на крај враќајќи го прашалниот поглед на тој Ане, што одеднаш му се стори загадочен како навистина да е од штабот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Баге со исто таков прашален поглед му одговори.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ова се случува во светот на апсурдот, толку сугестивно предочен во познатиот сизифовски универзум на Албер Ками, кога со прашален поглед кон небото го бара одговорот за трагичниот апсурд, но од небето нема одговор.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нивните дисхармонични крици, кога ловот е завршен, и големите туни се предадени на смртта, се претвараа во некаква песна на победата, во еден хор на лудило, во една химна на апсурдот, со погледи упатени кон небото, во знак на благодарност кон овој дар од небото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
При една посета на италјанскиот претседател на владата Аминторе Фанфани, крај работната маса на Бургиба ќе забележи една книга на Југурта.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На прашалниот поглед на премиерот, Бургиба ќе рече: - Да, јас сум Југурта кој успеа!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ја гледате со прашален поглед, а таа ви вели дека јадела баклава.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)