Појавата на (во тоа време) новите медиуми (т.е. радиото и телевизијата), рекламирањето, односите со јавноста и корпоративната контрола врз културата, Хабермас ги гледа како начин приватните корпорации да добијат дотогаш невидена моќ во јавната сфера, со тоа практично истиснувајќи ги рационалните граѓани но и политичките партии како главни актери во политиката.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
И корпорациите исто така навлегуваат во јавната сфера, што сето заедно доведува до трансформирање на поединците од граѓани и рационални полемичари на политичките/општествениоте/културните настани во пасивни набљудувачи на политичкиот и медиумскиот спектакл, од културни производители во културни потрошувачи.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)