Сето тоа со малата приземна куќа даваше целосна амбиентална целина. Совршено место за одмор и медитација.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Лево од нив неколку приземни куќарки. И малечки, скоро минијатурни градини.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Една жена не поведе со Ели во дворот од комшиската приземна куќа, каде што имаше бунар и ми помогна да ја измијам Ели, која за цело време плачеше, плукајќи од устата земја што ѝ напаѓа од малтерот.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Откако на Заим, кој со волксвагенот беше паркиран пред амбулантата во Драчево, му ги предаде Варја и Лина и тие заедно со Богдан Русимиров заминаа за Селишта, Авни сврте в десно и, по редицата од десетина бараки од почетокот на Ноемвриска улица, влезе со комбето во широко отворена порта и се паркира во дворот, на тревникот, пред мала приземна куќа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Кога се оддалечи брчењето, него го привлече тивната врева што идеше од една приземна куќарка прекупат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)