Тиквешките и Мегленските потурченици — помаци — ги надминаа азијатските Турци од битолско прилепското поле со своите зулуми над своите еднородни браќа само од верски фанатизам и материјална корист — пљачка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Овде, другари овде. Ако орманот не нѐ спаси, отидоме кај свети Петрета, — им советува Толе на сите раководители на пропаднатото востание и им ја покажува цуцката „Соколот" со густата елова и букова гора.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Освен тоа отепаниот Аќиф беше Арнаутин, а Арнаутите по тоа време, по битката на Шкодранецот со Садриазамот во прилепското поле, беа напреку гледани од Турците, та и таа беше една од олеснителните околности за Толета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А дека сегашниве жители на Потквицата не се потомци на становниците на некогашната древна населба Градиште, освен нив самите, зборува уште и нивната психофизичка конституција; високи се, русокоси, недоверливи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)