Штом ќе излезела од храмот променета, просветлена и ведра, благословена од Бога, почнувала со секојдневното сновење: од чистењето на храмот и на иконите до спаструвањето на пилињата и на кутрињата, од тимарењето на кравите и на телињата, до последното скалило на камбанаријата итн., и тоа со ред, со усул, без тегоба, без жалба, без замор.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Таа стоеше пред нив дури да се послужат, со пјатото в раце, сета некако просветлена и весела, една од оние наши млади и пријатни вртливи жени, но свената пред време, збунлива и затоа смешна.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)