Низ малиот прозорец се наѕираат по небото студени парчиња срчи, - Благоја лежи неподвижно и мисли за животот на простиот човек за кого коњот значи колку и судбата на неговата челад.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ајде да беше некој прост човек!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се обидел да изгледа спокоен, онаков каков што бил скоро секогаш во свеста на простиот човек, и искинато, скоро неразбирливо ја искажал желбата на жените и не споменувајќи ги.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се чувствувал како по господова казна да се понижува пред туѓинец и наметлив непријател со лакомост дури и во влакненцата на ноздрите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Низ малиот прозорец се наѕираат по небото студени парчиња срчи, - Благоја лежи неподвижно и мисли за животот на простиот човек за кого коњот значи колку и судбата на неговата челад.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Прост човек, селанец. Мислел дека од меѓата сум му зел две бразди.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)