Помеѓу Леонардо и Duchamp има многу интересни допирни точки: обајцата се    синови на бележници; бројот на сочуваните дела и на едниот и на другиот е мошне    мал; главните дела се оставени недовршени; обајцата беа мошне заинтересирани за    анаграми и игри со зборови; Леонардовите научни игри (како и неговиот интерес за    пишување со помош на огледало и интересот за сенките) добиваат интересна паралела    во Duchamp-овата занимлива физика (и неговиот интерес за “повратот на огледалата” и    “проектираните сенки”); заеднички им е андрогиниот психолошки образец; најпосле,    Леонардовиот став дека сликата пред сè е работа на интелектот, наоѓа свој одек во    настојувањето на Duchamp сликата да не смее да биде „само ретинална или визуелна;    таа мора да биде поврзана со сивата материја на нашето поимање.“
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 6-7“
              
              (1994)