работнички (прид.) - пекол (имн.)

Но, како што и самата криза покажа, ниту нашата држава која себеси се самопрогласи за т.н. „инвестициски рај“ не успеа да направи траен економски компаративен напредок, туку напротив, го промовираа работникот во предмет на експлоатација на мултинационалните компании, а сето тоа потпомогнато од новоусвоената легислатива која од „рајот“ направи работнички пекол.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Имено, во име на апстрактната „флексибилност на пазарот“ реално се жртвувани животите и благосостојбата на илјадници живи луѓе – па нашиот сон за бизнис рај, се претвори во работнички пекол!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)