работнички (прид.) - устав (имн.)

 8 Во овој транзициски период, преку измените на ЗРО – кој, како основен закон (lex fundamentalis), ја игра улогата на своевиден „работнички устав“, работничките права особено се влошија во следниве сегменти: драстично се намалија правата на работниците кои се прогласени за „технолошки вишок“; воведен е отказ без отказен рок; значително е отежнато остварувањето на правото на штрајк; намален е законски гарантираниот годишен одмор; овозможено е, преку дефинирањето на работното време, работникот да биде натеран да извршува какви било работни задачи, а не само оние кои се соодветни на неговото работно место и квалификации; а временскиот период за работа на определено време беше продолжен од една, дури на пет години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кај овој своевиден „работнички устав“ единствените две глави кои за време на серијата новации во транзициските години, по осамостојувањето на РМ, не претрпеа промени – беа оние пос- ветени на заштитата на правата на работниците, како и на асоцијациите на работниците и на работодавачите [синдика- тите и стопанските комори].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)