Едноставно, треба да им веруваат на пријателите, на стручните лица дека имаат недостаток и дека со истиот можат да живеат нормално, но не можат да дадат сериозен прилог во театарската уметност и во нејзината развојна линија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во тоа Татко го гледаше чистиот континуитет на јаничаризмот, колку што беше голема немоќта да се открие вистинскиот континуитет кој одеше кон обединувачка апотеоза на прекинатите развојни линии, при што зајакнуваше илузијата кај новите победници - да го наложат погрешниот континуитет кој почиваше врз утописки основи, за да го достигнат, вистинскиот, органскиот континуитет.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Етимолошката анализа на поимот “бројаници” не дава резултати, освен можеби според развојната линија: изброено подредено осветено - броењето претставува составен дел од многуте ритуали, а рускиот назив за “бројаници” - “четки” (се чита: чотки) со игра на созвучја “чет” од првиот збор со “чет” - парен потсетува имено на броење: пар - непар.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)