разголен (прид.) - врат (имн.)

Забележливо витка. Грациозна. Чекори полека. Достоинствено. Фризурата крената; косата собрана на темето. Разголен врат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Самракот однадвор е сѐ уште посветол од темницата во собата и можам да го видам нејзиното лице, прилепено на прозорското стакло, и разголениот врат, во бледиот, умирачки здив на денот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тука се истовари и во таа куќа влезе дојденецот во жолта кошула и со црна врвца за чевли на разголениот врат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)