разен (прид.) - име (имн.)

Децата им извикуваат, ги крштеваат со разни имиња, според тоа веќе како им одекнува во ушите свирењето и пуфкањето на локомотивите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Тврдоглав е. Нејќе ништо да рече: чија е тетраткава, кои се учениците што се запишале под разни имиња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Луѓето се кажаа на разни имиња, та и Стојана не го открија дека и е маж на Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Како да сакаше мама да ме оправда пред моите обвинители.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тие колца во разни времиња беа со разни имиња бојадисани, додека во 4-та четвртина на XIX век боите не фатија да се ставаат една врз друга и не се парализираа една со друга.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По должината на тој синџир од јужнословенски племиња и наречја како да се образувале 4 јаки јазли, што ќе рече, 4 држави со разни имиња, т.е. словенечка, хрватска, српска и бугарска држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Весел... - Не, изморен. Гледаш, одвај оди... - Весел е... - Изморен е... Често не можат да се согласат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во темницата кротко го викаше коњот - ту арамија, ту чедо - измислувајќи разни имиња во својата нежност.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Племињата носеле разни имиња: Уногундури, Оногури, Кутригури, Утигури и др., а името “Бугари” бил општ именител за сите племиња.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)