Учесниците во малата интерна војна што допрва се затркалува во Македонија не се само политичките партии туку онаа социјална група која има обичај да се нарекува интелектуалци односно интелигенција (уметници и писатели од најразлична жанровска припадност, хуманистички научници, универзитетски професори од разни профили, политичари со докторски наслови или доктори по наука кои својата конечна вокација ја пронашле во непосредната политика), сите тие меѓусебно се борат околу исклучивото право на формулирање и претставување на она што се смета за вистинска национална вредност.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
За него е важно при работата на било кој, а особено на станбен објект, да бидат вклучени сите оние кои на било кој начин се поврзани со тој објект, а тоа, исто така, освен архитектите, се и инжинерите, работниците, мајсторите од разни профили и на крај, но не и помалку важни, самите идни станари.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)