различен (прид.) - боја (имн.)

Тоа најубаво може да се види и почувствува напролет, поради различната боја на цветањето, и наесен, поради различното жолтеење на лисјата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кожите ни дишеа секогаш различно, окото ни клептеше секогаш различно и различно броевме чекори детски и камчиња во чевлиња, различно ни гореа гласните огнови и писмата ги виткавме различно во различни бои со различни поштенски марки, цветни усни јазици зборувавме, децата нѐ гледаа, броевме, реката знаеше, броевме спомени и слики. Колку ли слики и спомени?
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Гледаш ли дека цветовите се со различни бои?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите метални прачки на страните од креветот се обоени со различни бои.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Врвот на креветот (каде што се става главата) на овој лимен оглас го претставува истиот спој - квадрат и круг.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тие го пречекуваа секоја година на 12 јули, кога доаѓаше на годишен одмор (секоја година со различна боја на автомобил, волво, се разбира), го гушкаа и не можеа да се изназборуваат со него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа за некој кој што пред триесет години како дваесет годишно момче дошол да бара правда пред парламентот на една малечка држава со која што векови владееле олигархии од различни бои и сорти, беше бетер и од самата умиричка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сепак, јас се сеќавам на многу моменти кои, се уште, како секвенци од некој дамнешно прожектиран филм се движат низ мојата глава.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Секогаш кога ќе поминам покрај зградата спроти училиштето, која повеќе ни одалеку го нема истиот изглед, чинам како да го слушам отчукувањето на часовникот над зеленото креденче во собата, во која со часови игравме домино со Борис Кривошеев, во долгите зимски ноќи, додека баба ми ми плетеше ракавички во различни бои. Брзав да пораснам!!!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Трепкаше со своите ситни очиња, јарешката брада, ги подигаше веѓите кои бегаа накосо и двете со различна боја.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Како мал го носеше татко му кркач на манастирски празник, кога во дворот меѓу црквата и конакот беа поставени сергии со барчиња како свирчиња, зашеќерени јаболчиња на стапчиња, прапорци за угичи и порти и прапорчиња за сугариња и капиџици, картонски маски за очите со ластиче преку ушите до тилот, медени колачиња тврди како пилешки срца, до колобајчиња во различни бои, а и шарени како градски велигденски јајца.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Лево и десно од автопатот многубројни хангари - фабрики во различни бои и на покривите знамињата на САД, Германија, Италија, Франција, Шпанија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега на сон зема часови по летање и букви му шепотат нова азбука: пет букви научи момче! стани петкрилна птица, цвеќенце - детенце петлисно! пет крила порасни си! (зар ќе те казни некој за тоа?!) секое крило - различна боја.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Јужен ветер погали петлисно цветче со корен во небо. Секое ливче - различна боја: сина, зелена, црвена, бела, црна.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Градските татковци навистина се погрижија плоштадот и улиците кон него да бидат раскошно украсени и осветлени, а сред плоштадот - извишена елка светкаше во различни бои.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Брат ми последен пат ми плаќа кирија. штом толку поради тоа се дере.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога ќе ја добијам првата плата, ќе си купам ламба, една убава од месинг, а кога ќе заштедам доволно, ќе си купам и кревет од месинг и една од тие масички со дезен на шаховска табла, знаеш тие со коцки од различни бои дрво, како и неколку килимчиња, и потоа ќе ги поканам на вечера него и жена му; никогаш не би можел да поканиш некого на вечера во куќата на Мајкл зашто таму никој не ги мие садовите и нема ништо друго освен Боб Марли постери и нечистотија и напади на врескање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не знаеме каков вид дрво е. Се распрашавме, но никој не знае.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пред прозорецот на јужната страна од мојот стан се наоѓа едно мистериозно дрво.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)