различен (прид.) - држава (имн.)

Во хрониките што се чуваат во библиотеката на неговата синагога, во долгите ноќи откако беше поставен за нејзин рабин, Елеазар бен Цви читаше дека по завршетокот на Првата светска војна во 1918 година, двата балкански града им припаѓаат на две различни држави: Салоник на Грција, а Битола на новата држава Југославија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој ги испрати двајцата, но остана сам, ако не се сметаат семејствата на неговите братчиња и сестрички, кои го најдоа патот по различни држави во светот. 20 години го слушавте неговиот глас на Македонското радио, во една смешна емисија за иселениците Македонци во светот, а беше уредник и во весникот „Македонски иселеник“. Мојот брат!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Двајцата стивнато гледаме: колони луѓе по улиците на познати и непознати европски градови, товарење во возовите, стражарни проследувања, растрчани униформи, есесовци, њилаши, усташи, трауматични документи во жива слика, собирани во различни држави, во оној морбиден зафат на уништување цел еден народ од лицето на Европа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)