различен (прид.) - збор (имн.)

Виното опива и виденија дава; и книгата опива и виденија дава; и папокот на жената опива и виденија дава; изгледа дека тие три нешта воопшто не се толку различни колку што се различни зборовите за трите нешта.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но бездруго бакшишотt во времето на Османската Империја опстанува и добива посебни облици, кои можеби останале до денешни дни? запраша Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Погледот го запре пред рафтот со речниците, во кои беа собрани илјадници различни зборови на многу балкански и други јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од арапскиот корен во турскиот јазик ќе се создадат два различни збора: bai (дар, подарок) и bahi (напојница, под рака).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Чистиот јазик беше со однапред јасни и познати излези, не можеше да биде лавиринт, тоа можеше да биде само јазикот со туѓи зборови, јазикот со различни зборови, јазикот на разликите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)