различен (прид.) - луѓе (имн.)

Му се восхитуваше на тоа мало човештво составено од толку различни луѓе, кои живеат со векови заедно, без многу да се мразат, успевајќи да ги совладаат разликите, кои во другите предели на некогашното царство толку тешко се хармонизирале.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бидејќи како што тој вели во Spurs/Eperons, „текстот ќе остане неограничено отворен, криптичен и пародички“ 7, постојат мноштво начини со кои дури и една единствена личност, и a fortiori различни луѓе можат да го деконструираат. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 71
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со оглед на силните плуралистички, ако не и анархистички, елементи на Деридините учења, може да се чини одвишно да се тврди дека тој исто така е еден универзалист.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Само такви можеа толку да се зближат и да го одржат толку отворено и актуелно козјото прашање, да ги зближат толку силно овие различни луѓе на Балканот, во што не успеваа верите и идеологиите на сите изминати империи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Исто како и другите теории неговата е исполнета со желбата да го пречисти светот на останатите, безвредни теории и да ги преобрати сите неверници во вистинската вера.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Една жена си ја потопува главата во кофа полна со вода, надевајќи се дека така ќе ги удави сите туѓи мисли кои се во неа, а потоа на нивно место ќе се појават нејзините.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Такви исти верувања, кај различни луѓе, на различни простори, се повторуваат неброено многу пати низ времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)