различен (прид.) - националност (имн.)

Беа тоа луѓе од двете вери: рисјанската и муслиманската, од различни националности.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тие стануваа ферментот на соживотот со припадници од различни националности, носители на животворна толерантност на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се распрашувала насекаде, па и кај влијателните пациенти од различна националност кои доаѓале во клини­ката на нејзиниот сопруг.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вујна Клементина, слушајќи ги и таа ученичките, од различна националност и вера, како пеат една француска песна, знаела дека не е ни место ни време за да ги искажува своите дилеми, кога нејзината штитеничка Ервехе веќе беше восхитена и прифатена во „утописката оаза”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но во градот, за среќа, течеше и белата благородна крв, наспроти злата крв на сите разлики, млекото на козите која зближуваше луѓе од различни националности, вери, социјално потекло.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)