различен (прид.) - религија (имн.)

Светите книги и храмовите на различните религии, колку и да биле жестоки воените виори, во тоа време, сепак, останувале поштедени.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во душата на балканскиот човек, прифати Камилски се напластиле векови страв, големи гајлиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Куќа без капиџик се сметала за проклета, без отворена врата кон другиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И затоа можеби и гајретот се задржал најдолго и непроменлив на Балканот кај народите од различни религии со ист корен...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И овде семејствата од две различни религии живееле во меѓусебна почит и толерантност, заеднички ги славеле сите верски празници, го почитувале светилиштето на другиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се случувало, неретко, капиџиците да бидат отворени помеѓу семејствата од различни религии, кога биле затворени надворешните порти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, сепак, во крајна линија, на Балканот не е дојдено до сличен процес на синкретичната арапско-шпанска синтеза.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во медитеранскиот простор луѓето од различни религии (милостиво прифатени, во поголем дел, од римскиот пантеон) почнале да сонуваат за објавата примена во зората на човечката историја.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Го впивме тоа горчливо искуство на претците со мајчиното млеко, па го заборавивме – сакајќи да ѝ припаѓаме на новата Европа, заборавајќи дека Европа еден ден одново ќе ја сврти кон нас својата крволочна челуст; верувајќи во новата Европа ја заборавивме судбината на нашите блиски и далечни претци, заборавивме на крвта која им била пиена затоа што биле од инаква крв, ги заборавивме неброените судбини на понижуваните, лажно обвинуваните, прогонетите, мачените, усмртуваните, заборавени и од Бог и од ѓаволот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Многу години пред да го напише „Мојсеј и монотеизмот”, брат ми со мајчиното млеко ја вцица и горкоста на изгонетите од земја во земја, на проколнатите заради различната религија и различното потекло, на горените на клада заради тоа што оние другите, кои се сметале за правоверни, со векови лажно ги обвинувале дека фрлале отров во бунарите, дека предизвикувале чума, дека правеле договори со ѓаволот; уште со млекото на нашата мајка тој го имаше примено во себе тој горчлив вкус.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)