различен (прид.) - третман (имн.)

10 При воведувањето на еднаква исплата за еднаква работа останува недоречено и нејасно дали овој еднаков третман (освен при исплата на платата) се однесува и на исплатата на разните дополнителни додатоци кои (согласно закон и колективен договор) би можеле да им бидат исплатени на работниците како на пр. додатокот за деловна успешност на работодавачот!?; б) измени беа направени и во постоечкиот чл. 8 од ЗРО кој ги регулира исклучоците од забраната на дискриминација со тоа што овој член беше дополнет со два нови става кои предвидуваа дека работниците кои го имаат склучено „атипичниот“ договор за вработување на определено време не смеат да се третираат на понеповолен начин од работниците на неопределено време, освен ако таквиот различен третман е оправдан од објективни причини!?
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Измените на ЗИПРМ (1994) од 2001 година воведоа единствен начин на пресметка на максималниот износ што работодавците може да го исплатат на работниците, а различниот третман при пресметката во зависност во која дејност припаѓа работодавецот е укинат.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Интересна и неконвенционална, но во позитивна смисла, е и одредбата која предвидува дека во случај на спор, ако кандидатот за вработување изнесе факти дека работодавачот постапил спротивно на антидискриминаторски одредби од законот товарот на докажувањето, дека всушност немало дискриминација, преминува на страната на тужениот работодавач, освен ако овој докаже дека различниот третман е направен поради исклучоците предвидени во самиот ЗРО – а тоа, пак, е во случаите кои се однесуваат на инвалиди, постари работници, бремени жени, мајки, 15.  Тука би сакале да споменеме и еден компаративен случај од оваа област.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Нужно беше да се интервенира и кај правната заштита, па така се предвиде дека, во случај на спор, кога е постапено спротивно на забраната за мобинг, товарот на докажувањето паѓа на поединецот или на групата против кои е поведен спор за вршење на мобинг, освен ако овие докажат дека различниот третман е направен поради претходно споменатите законски категории на лица кои се третираат како „исклучоци од забраната за дискриминација“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)