Виртуалната стварност - хардверот и    софтверот - веќе ги употребуваат за производство на симулации, што се мултидимензионални    и со тоа создаваат стварност, што на рамен екран никогаш не би ја постигнале.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 17-18“
              
              (1995)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Ни автобус ни тролејбус ни такси ни кола ни мува***  ништо* само снегулки како инсекти околу уличните сијалици кои некогаш светат а некогаш не***  но сеедно* снегот заземјен сјае на дното на небото како фенер на  импресионистичка слика***  тишина* и траги од волци на планината  * а овде и сега само очи зад прозорските монитори**  '140 помножено со 140 * термопан* рамен екран *  1024 by 768 pixels * 20-20 vision * Филипи * соседи итн. итн.  некој родител впрегнат во санка со која управува дебело дете  снегот длабок и бел* влажноста идеална за грутки со кои децата  се груткаат сѐ додека влажноста на алиштата не стане идеална за стап***  а потоа молк* вонземен и вонградски* лебдење како снегулка  и паѓање и топење на дланката на перницата во апаурински сон од 5 милиграми  * * *  Ни чувство за време ни интерес  како на планина во дрвена куќичка  со дрва за огрев во визбата  и со пес чувар кој не лае без причина  * * *  сè е замрзнато но така мора да биде  сè е бело но како поинаку да биде  тополите се високи и се први на удар  баричките се смрзнати и велат: судар  *
               
             
           
            
            
              „Три напред три назад“
               од Јовица Ивановски 
              (2004)