Ја отворив портата позната, ги собув патиките,  си отворив едно ладно, скопско, фридижирано пиво,  се истегнав на фотелјата, го вклучив телевизорот,  потегнав една добра, долга, рамнодушна голтка  и ждригнав во моментот кога на екранот Боги запали цигара,  вртејќи му го грбот на авионот  кој заминуваше некаде далеку,  многу далеку. 
               
             
           
            
            
              „Зошто мене ваков џигер“
               од Јовица Ивановски 
              (1994)